Ракометниот шампион на Македонија Еурофарм Пелистер по долга пауза прави кам-бек во Лигата на шампионите.
Битолчани вечерва на домашен терен во премиерата на новата сезона на домашен терен ќе го пречекаат норвешкиот Колштад. Новото засилување на тимот, Домен Тајник верува во победа против Колштад.
„Откако дојдов во клубот, добро сум прифатен. Го загубивме Суперкупот, но верувам дека ќе биде подобро. Екипата е нова и ни треба воигрување. Се надевам дека на тренинзите ќе ги поправиме грешките. Верувам дека против Колштад ќе бидеме на ниво и ќе победиме. Лигата на шампионите е сон на секој ракометар. Пелистер е добра екипа која може да игра противн секој противник и се надевам дека ќе дадеме сè од себе. Дома, пред полна сала, можеме да изненадиме секого“, изјави Тајник.
Слично размислува и најзвучното засилување на тимот од Битола, Богдан Радивојевиќ…
„На секој играч цел му е да игра во Лигата на шампионите. Имаме голема шанса да направиме нешто големо. Овој град и оваа земја живеат за ракометот и тоа сите го гледаме и мора да го почитуваме. Потпишувам дека ќе имаме далеку најдобра атмосфера на натпреварите и тоа треба да го искористиме и мора да научиме да се носиме со притисокот. Да го пренесеме тој притисок на позитива, а не да се уплашиме. Имаме далеку најдобри навивачи во Лигата на шампионите и тоа мора да го искористиме“, изјави Радивојевиќ.
Натпреварот кој ќе се игра во арената „Боро Чурлевски“ во Битола е со почеток во 18.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА