Ракометарите на Е. Пелистер во вториот меч стигнаа и до втора победа на турнирот во Добој, откако славеа во пресметката со унгарска Татабања со резултат 32-29. По вчерашниот триумф над Црвена Звезда, избраниците на тренерот Ангеловски вечерва повторно се радуваа на триумф, па во следниот меч против Загреб ќе се борат за прво место во групата и пласман во големото финале на овој традиционален турнир.
Првото полувреме донесе израмнета битка во која Татабања прва посериозно се одлепи поведувајќи со 10-13, но битолчани набрзина ги консолидираа своите редови и на одмор заминаа со само еден гол негатива (15-16). „Зелено-белите“ беа подобар ривал во второто полувреме во кое го свртеа резултато во своја полза, се одлепија поведувајќи со 30-25, за на крајот да слават со конечните три гола позитива.
Радивојевиќ со седум гола повторно ги предводеше стрелците на македонскиот првак, шест погодоци постигна Хосни, а со пет гола мечот го заврши Дејан Манасков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА