Битолчани подготвуваат пекол за Алкалоид: Пелистер брка „плус осум“ за прво место

Ракометарите на Е. Пелистер и на Алкалоид ќе излезат вечерва на мегдан во големото суперлигашко дерби, во битка која ќе биде решавачка за освојување на првото место во Супер-лигата во пресрет на плејофот. Согласно пропозициите, оваа екипа ќе има еден бод предност во плејофот во однос на конкурентите за титулата.

Во пол-позиција моментно се наоѓа Алкалоид, кој има подобар меѓусебен скор од Вардар, а тимот предводен од Кире Лазаров славеше и на првиот дуел со Е. Пелистер, н домашен терен декласирајќи го актуелниот првак со убедливи 32-25. Поради овој натпревар, „пелистерци“ не само што мораат да триумфираат денеска, туку и победата мора да биде изразена со најмалку осум гола предност за битолчани да се искачат на првото место на табелата.

Алкалоид влегува во дуелот по двете рутински победи над италијански Бриксен и пласманот во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп, додека битолчани славеа во својот последен меч од ЛШ, на домашен терен против Динамо Букурешт како увертира за овој натпревар.

Едно е јасно, на теренот се очекува беспоштедна битка, влогот е огроменачи  бидејќи тој еден бод може многу да значи во завршната трка за титулата, а „пелистерци“ ќе ја имаат и поддршката од својата верна публика ако се знае дека салата беше експресно распродадена.

Се вчитува...