Работник со извонредна игра го декласираше Берн и широко си ги отвори вратите кон групната фаза од ЕХФ купот. Триумфот на битолчани е апсолутно заслужен, а најефикасниот на натпреварот, Милан Ѓукиќ, воедно го постигна и најатрактивниот погодок на мечот.
Се играше 29. минута кога српското крило најпрвин запре една полуконтра на својот тим, за потоа по еден трпелив напад самиот да реализира со „цепелин“, кревајќи ги на нозе присутните во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА