Битолската кошаркарска перфекција остана „недопирлива“ и во Аеродром (фотогалерија)

Пелистер го заврши првиот дел од сезоната со импресивни 12 победи и ниту еден пораз откако битолчани славеа на најтешкиот меч, на гостински терен против шампионот МЗТ Скопје со убедливи 78-93.

Аеродромци беа во одличен ритам во пресрет на ова дерби, но вечерва немаа одговор за расположените битолски шутери. „Пелистерци“ погодија дури 19 тројки, одиграа сконцентрирано во одбраната во клучните моменти и на крајот заслужено стигнаа до победата.

Марјан Илиевски склопи фантастична машинерија која е кадарна да се бори за трофеи сезонава, а овие 12 победи на стартот од шампионатот се само најава дека најдоброто од Пелистер допрва следи.

Се вчитува...