Ракометарите на Работник ја завршија првата фаза од подготовките за новата сезона, минувајќи ги изминатите седум дена во Маврово.
Битолските „фармацевти“ акцентот го имаа ставено на физичката подготвеност, а тренерот Алушовски е задоволен од залагањето, како и од адаптацијата на новите ракометари во екипата. Тимот денеска се враќа во Битола, по што ќе се влезе во втората фаза од подготовките. Работник првите контролни натпревари ќе ги игра на турнирот во Струга кон средината на овој месец.
Битолскиот клуб во новата сезона ќе дебитира во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА