Ракометните клубови денеска во РФМ ја одржаа редовната годишна конференција на која беа усвоени пропозициите за натперварување во машката Супер лига. Во регуланиот дел од Супер лигата ќе се натпреваруваат 10 екипи, а Вардар и Металург исто како и во претходните сезони, поради настапот во СЕХА лигата, ќе се приклучат во плеј-офот.
Ќе се игра по двокружен систем, со 18 кола од кои 14 ќе се одиграат во есенскиот дел, а четири ќе се доиграат по зимската пауза во март. Нови суепрлигаши се РК Бутел и РК Струга, а од најсилната конкуренција во Прва лига се пресели Металург 2.
Од годинава РФМ воведува построги мерки за клубовите што ќе се пријават, а потоа нема да ја доиграат сезоната до крај. Според новите правила, екипата која ќе се откаже во текот на сезоната, нема право за настап во наредните три години. По истекот на казната екипата би почнала од најнизок ранг.
Новата суперлигашка сезона ќе стартува на 15/16 септември, а најинтересен дуел во првото коло ќе биде битолското дерби Пелистер-Еурофарм Работник.
Прво коло, Супер лига (мажи):
Пелистер – Еурофарм Работник
Бутел – Прилеп
Борец – Струга
Вардар јуниор – Радовиш
Пролет – Охрид
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА