Дуелот во Битола меѓу Еурофарм Работник и Пелистер (18.30 ч.) прувлекува најголемо внимание во натпреварите од 7.коло во македонската ракометна Супер лига. Пелистер од клупата предводен од поранешниот македонски репрезентативец Стевче Алушовски во дуелот со градскиот ривал ќе се обиде да ја сочува лидерската позиција на табелата. Пелистерци по првите шест кола имаат пет победи и само еден пораз и со 15 бода го држат првото место во суперлигашкото друштво.
Работник од неодамна на клупата го има поранешниот селектор и донеодамна тренер на Пролет, Илија Темелковски. Вториот битолски тим има четири победи, едно реми и еден пораз и заостанува два бода зад Пелистер. Во составот на Работник на денешниот дуел со Пелистер на голот ќе дебитира Украинецот Евгениј Умовиц кој дојде во битолскиот тим како замена за повредениот Градимир Чаневски.
Супер лига, 7.коло: Металург 2 – Пролет (денеска, 17 ч.) Радовиш – ГРК Борец (денска, 18 ч.), Еурофарм Работник – Пелистер (18.30 ч.), Охрид – Прилеп (утре, 18 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА