Еванс Кипкемои Бивот од Кенија е атлетичарот што го освои првото место на Скопскиот маратон, во 14. издание од овој ивонреден спортски настан во кој годинава учествуваа над 10.000 лица.
Тој успеа да ја мине маратонската делница долга 42 километри за време од 2:14:08 часа, оставајќи го зад себе сонародникот Џон Лангат, кој заостана неполна минута (точно 51 секунда). Кинеската доминација на улиците на Скопје ја комплетираше Хосеа Кипротич, кој со време од 2:28:58 стигна до третата позиција.
Најдобар македонски натпреварувач беше Александар Кираџиев, кој со време од 2:42:48 часа го освои петтото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА