Нова голема афера го тресе српскиот фудбал, откако бившата девојка на Адем Љајиќ, познатата манекенка Софија Милошевиќ наводно паднала во прегратките на новиот фудбалер на Реал Мадрид, Лука Јовиќ. Како што открива српскиот магазин „Стори“, Софија и Лука веќе два месеци тајно се забавуваат и неколку пати веќе се видени на белградските сплавови.
Јовиќ призна дека бил во нејзино друштво, но врската се уште не е официјално потврдена затоа што тој нема расчистено со досегашната партнерка Анџела Маниташевиќ со која има и осуммесечен син.
Софија Милошевиќ го „пикирала“ Лука Јовиќ откако младиот напаѓач потпиша за Реал Мадрид, а има „славно минато“ со неколку познати спортисти од Србија. Освен Љајиќ, нејзини поранешни љубови биле и тенисерите Виктор Троицки и Дамир Џумхур, фудбалерот Немања Радоњиќ, ватерполистот Вања Удовичиќ, сопругот на Карлеуша, Душко Тошиќ…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА