Репрезентацијата на Австрија се пласираше директно на Светското првенство, завршувајќи како првопласирана во групата благодарение на голот во 78. минута на Грегорич.
БиХ водеше во Виена, и тој резултат го носеше на Мундијалот. Табаковиќ во 12. минута донесе молк на стадионот „Ернст Хапел“.
Меѓутоа на 12 минути пред крајот, по една нафрлена топка и конфузијата во одбраната на гостите, придонесе Грегорич да ја смести топката во голот за 1-1, што беше конечен резултат, оставајќи ја селекцијата на БиХ без директен пласман на СП, и сега ќе мора шансата да ја бара преку баражот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

