Новак Ѓоковиќ го доби вториот натпревар на Австралија опен против Франсис Тиефо со 6-3, 6-7 (3), 7-6 (2), 6-3. Овој натпревар е посебен за Ноле затоа што освои 26 аса, најмногу досега во неговата кариера. За време на третиот сет, се случи бизарна ситуација. Тиефо го доби гејмот на свој сервис по 33 разменети удари, а потоа се пресели на страната на Ѓоковиќ.
Ваквиот потег го изненади и Ноле, но и гледачите на трибините. На никого не му беше јасно што се случува, Франсис се шеташе околу Новак, а после Србинот му се придружи и тргнаа да бараат заедно.
Од почеток се чинеше дека Американецот бара специфична топка со која сака да игра, но потоа камерата откри дека станува збор за зацврстувач што паднал од рекетот на Тиефо. Овој дел служи да се намалат вибрациите на жиците, па поради тоа Франсис веднаш се фрли во потрагата на теренот.
We interrupt this epic battle to allow @DjokerNole to help @FTiafoe find his lost vibration dampener. ?#AusOpen pic.twitter.com/tRk3gAMGyb
— Tennis Channel (@TennisChannel) February 10, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

