Бизарна повреда – Марк Маркез мораше на втора операција поради отворање прозорец

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез мораше да направи и втора операција на десната рака затоа што на бизарен начин ја скршил титаниумската плочка која му беше вградена во надлактицата, додека отворал прозорецот.

„Беше тоа несреќа дома, кога Марк се обиде да го отвори прозорецот. Изненадувачки почувствува голема болка. Подоцна видовме дека плочката во неговата рака е скршена“, откри првиот човек на Хонда Алберто Пуџ. 

Маркез повредата на раката ја заработи на првата трка сезонава во Херез. Поради скршеницата тој ја пропушти и втората трка во Херез, а нема да биде дел ниту од Големата награда на Чешка која ќе се вози на Брно.

Се вчитува...