Бизарна повреда на Халанд – се удри во вратата од автобусот (фото)

Ерлинг Халанд ја предводи Норвешка во фантастичниот квалификациски циклус за СП 2026, но асот на Манчестер Сити се здоби со бизарна повреда.

Голгетерот се „пофали“ со лузна под самата усна, откако се удрил во вратата од автобусот која се отворила неочекувано за асот на Сити, по што Халанд експресно почнал да крвари.

Веднаш му била укажана лекарска помош, по што биле ставени три конци и проблемот е саниран, па Халанд ќе може да го предводи нападот на Норвешка на квалификацискиот меч со Молдавија.

„Само што бев удрен од вратата на автобусот. Три бода за вратата“, прокоментира Халанд за бизарниот инцидент.

Се вчитува...