Првиот голман на Челси, Тибо Куртоа, не брани на дербито против Манчестер јунајтед на „Олд трафорд“ поради повреда, а ја заработил на бизарен начин. Тој го повредил скочниот зглоб снимајќи реклама во која ’глуми’ дека е НБА-играч. Поради неговата висина, тој добил понуда да одработи во рекламни цели за промоција на НБА-лигата, но сето ова поминало со несакани последици.
Поради ова, менаџерот Антонио Конте беше приморан на голот да го постави Асмир Беговиќ, а дополнителен проблем претставуваше и повредата на Маркос Алонсо, кој се повреди на загревањето. На негово место во првиот состав влезе Курт Зума.
Челси по првото полувреме губи од Манчестер јунајтед на „Олд трафорд“ со 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА