Урнебесни моменти од фудбалски натпревар во Србија станаа вирални на социјалните мрежи. Станува збор за дуелот меѓу Спартак Суботица и Вождовац.
На овој меч за момент во центарот на вниманието беше четвртиот судија, кој со рачниот семафор, додека покажуваше измена, го удри во коленото и за малку не го повреди Арихиро Сентока. На негова среќа болката беше кратка, па тој продолжи да трча и ја одигра минутажат.
Инаку, на овој дуел Спартак Суботица славеше убедлива победа на домашен терен против Вождовац. Видеото можете да го погледнете тука.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА