Англија очекувано славеше против Малта со 2-0 пред доаѓањето во Скопје на дуелот со Македонија за крај на квалификациите за ЕП 2024. Но, мечот го одбележа несреќниот дуел меѓу себе на англиските репрезентативци Трент Александер-Арнолд и Маркус Рашфорд по кој Рашфорд заработи повреда поради која нема да може да игра на натпреварот против Македонија.
На почетокот од второто полувреме при еден напад на Англичаните, Александер-Арнолд спринтираше кон голот на Малта но пред него се испречи Рашфорд и двајцата се судрија, по што Рашфорд заработи повреда.
Според извештаите од лекарскиот тим на Англија по мечот, напаѓачот на Јунајтед ќе мора да го пропушти дуелот со Македонија во понеделник кој се игра од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Trent makes an effortless pass to Rashford who misses the chance, then they collide into eachother which resulted in Rashford being taken off injured…😭🏴 pic.twitter.com/GHK2KQQfJ7
— LFC Transfer Room (@LFCTransferRoom) November 17, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА