Англискиот репрезентативец Кол Палмер ќе ги пропушти следните три натпревари на Челзи, од кои два се дербија против Арсенал и Барселона поради бизарна повреда.
Палмер се повредил дома удирајќи го прстот по вратата, што резултирало со скршеница. Поради ова, ѕвездата на „сините“ нема да биде на натпреварите против Барнли, Барселона и Арсенал.
Станува збор за прстот на левото стапало со кој удри во вратата, и претрпе повреда од која целиот свет се смее. Тој требаше да се врати на теренот откако се повреди во септември, но сега ќе мора да отсуствува некое време.
„Имаше несреќа дома, си го повредил прстот. Неговиот прст е скршен, и од она што го знаеме е дека ќе го нема во следните три натпревари“, изјави менаџерот на Челси, Енцо Мареска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

