Урнебесно: Кој вели дека шахот не е опасен по живот (ВИДЕО)

Варшава, главниот град на Полска е домаќин на Светско првенство во шах по забрзано темпо. Големо изненадување приреди 17-годишниот Нобирдек Абдусаторов со освојување на титулата „Рапид“ (15 минути по партија плус 10 секунди бонус за секој потег).

Денеска се игра по „блиц темпо“ каде играчите имаат три минута по партија, плус две секунди за секој потег. Очекувано е во вакви партии младите играчи да направат грешка и не е чудно што Павел Теклаф во реми завршница одигра потег со кој му овозможи на противникот со славно име Тигран Петросјан (не е во сродство со деветократниот шампион на Светот), да го матира во два потега.

Кога ја увиде грешката, младиот Полјак во неверица се занесе на столицата, и откако загуби баланс и се преврте. Притоа заработи и ситна повреда.

 

Се вчитува...