Зинедин Зидан ја одби можноста сега и било кога во иднина да работи во Манчестер јунајтед, иако веќе три години е без тренерски ангажман.
А, проблем за 52-годишниот Французин е англискиот јазик. Тој не сака да води тим во кој нема да може на вистински начин да се изрази и да ја објасни филозофијата на фудбалот.
„Јас работам на сосема поинаков начин и имам неколку елементи кои треба да се исполнат за да работам во некој клуб. Еден од нив е добро познавање на јазикот“ – вели Зидан и дополнува:
„Дали би работел во Манчестер јунајтед? Англиски јазик разбирам, но не го зборувам доволно течно. Знам дека има тренери кои одат во клубови каде не го знаат јазикот, но јас работам на друг начин“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА