Бизарна ситуација на Австралија Опен: Најпрво славеше победа, а потоа го загуби мечот (ВИДЕО)

Во второто коло од квалификациите за Австралија Опен се случи навистина комична ситуација.

Себастијан Офнер ја прослави својата победа порано отколку што требаше, а на крајот неговиот ривал – Нишеш Басавареди – се радуваше.

Имено, откако го освои седмиот поен во супер тај-брејкот од решавачкиот сет, Офнер ги крена рацете славејќи ја победата, но ја заборави клучната работа, дека супер-тајбрејкот се игра до 10 добиени поени.

Басавареди направи серија од 8-1 и стигна до меч-поенот, потоа спаси два, за конечно да слави со 13-11.

Така ги остави сите воодушевени, особено Офнер, кој очигледно не беше многу запознаен со правилата.

Басавареди ќе се бори за место во главниот ждреб со Џорџ Лофхаген (211 на АТП листата).

Се вчитува...