Бизарна ситуација во Србија: Клуб казнет поради расистички навреди кон свој играч

Европската фудбалска федерација УЕФА го казни српскиот клуб Чукарички поради нивните навивачи. Тие го навредуваа својот играч Ибрахим Ндиаје во 20. минута за време на натпреварот против Фиорентина во Лигата на Конференции. Ндиаје престана да игра се додека неговите навивачи не се смирија.

Ова е несекојдневна ситуација, со оглед дека обично клубовите се казнуваат поради расиситчки навреди кон противнички играчи, но овојпат УЕФА се реши да изрече казна за клубот чии навивачи навредуваа свој фудбалер.

Сенегалскиот напаѓач веќе 11 години е во Србија. Играше за Напредак Крушевац, а потоа во 2019 година замина во Чукарички.

Се вчитува...