Бизарна ситуација во женскиот фудбал: Истовремено им треба и победа и пораз

Лигата на Нации во женската конкуренција, носи една неверојатна ситуација. На фудбалерките на Шкотска во последното коло повеќе може да им одговора пораз отколку победа над Англија, иако се убедливо последни во групата 1 Лига „А“.

Причината е поради тоа што Лигата на Нации служи како квалификациски турнир за Олипмиските игри во Париз идната година. И додека Шкотска и Англија имаат одвоени репрезентации под турнирите организирани од УЕФА и ФИФА, на Олимписките игри настапуваат заедно со Велс и Северна Ирска под знамето на Обединетото Кралство.

А, за пласман на Велика Британија на Олимписките игри се бори Англија како најдобро рангирана репрезентација. И сега ако Шкотланѓанките сакаат да играат во Париз, тогаш треба да навиваат за Англија да го освои првото место. За Англија да успее во оваа емисија треба да ја победат Холандија, која во моментов е лидер со три бода повеќе, а потоа во последното коло и Шкотска.

Ситуацијата може да биде дополнително комплицирана, затоа што од други причини на Шкотска може ќе им треба победа во последното коло. Ако Шкотска ја совлада Белгија во следното коло, славјето над Англија можеби ќе им овозможи опстанок во Лигата А, додека во спротивно ќе испаднат во Лигата Б. Така може да се случи на Шкотска во исто време да им одговоара и победа и пораз.

Се вчитува...