Бизарна ситуација, но заслужен црвен картон: Плукаше кон судијата, па реагираше ВАР… (ВИДЕО)

Бизарна и ретко видена сцена го означи крајот на натпреварот помеѓу Ал Таун и Ал Шабаб во шампионатот на Саудиска Арабија, во кој домаќините славеа со 2-0. Сè што се случи по последниот свиреж на судијата целосно го засени самиот натпревар.

Откако судијата Маџед Мохамед Ал-Шамрани означи крај на натпреварот, напаѓачот на Ал Шабаб, Абдулах Матук, му се приближи да се пожали, за што веднаш доби жолт картон.

Потоа Матук се упати кон соблекувалната, но во еден момент застана, се сврте кон судијата и плукна во негов правец. Иако судијата не виде јасно што се случи во тој момент, сè беше снимено од камери и беше целосно видливо во телевизискиот пренос.

Следеше проверка на ВАР, по што беше утврдено дека Матук направил сериозен дисциплински прекршок. Потоа судијата го повика играчот назад од соблекувалната, а штом повторно излезе на теренот, му покажа директен црвен картон.

Во Саудиска Арабија, ваквите испади се казнуваат исклучително строго, па тамошните медиуми веќе пишуваат дека на Матук му се заканува суспензија до шест месеци. Доколку се потврди таквата казна, неговиот неодговорен гест би можел да значи крај на сезоната за напаѓачот на Ал Шабаб.

Се вчитува...