Бизарна смрт: ММА борец убиен при обид да смири тепачка на свадба

Рускиот ММА борец Алан Хаџиев почина од убод со нож во пределот на срцето во обид да смири тепачка. Борецот починал на 31 година. Убиството се случило во руската провинција Северна Осетија, во градот Моздок. Оваа трагедија се случила додека Хаџиев бил на свадба со неговиот брат.

На овој настан се случила жестока борба, ММА борецот се обидел да смири две завојувани страни, но во тој хаос бил прободен со нож. Веднаш потоа бил пренесен во болница, каде лекарите се бореле за неговиот живот, но по кратко време починал.

“Беше голем човек. Разговаравме вчера … Како можеше да се случи ова? Искрено сочувство до семејството. Можеше да стори многу повеќе”, напиша на Инстаграм Олег Хабалов, градоначалникот на Моздок.

Хаџиев беше двократен шампион на руската ММА организација „Контакт борби“.

 

Се вчитува...