Бизарна сцена во Бразил: Млад голман беше застрелан од полицаец (ВИДЕО)

Бизарна ситуација се случи во Бразил. Голманот на младиот тим на Гремио, Рамон Соуза, бил застрелан од полицаец со гумен куршум.

Младиот тим на Гремио, Анаполис одигра натпревар со Санто Оесте во првенството на Гвајана и загуби со 1-2, а по завршувањето на натпреварот играчите се скараа со судијата, по што голманот на домашниот тим го извлече најлошото.

Голманот на домашните беше еден од оние кои бурно реагираа, тоа не му се допадна на полицаец кој отвори оган и го застрела Соуза во ногата.

На Соуза брзо му била укажана помош во болницата, а локалната полиција започнала истрага.

Се вчитува...