Шансите казната на Лионел Меси да биде ублажена значително се намалиле по бизарното објаснување што најдобриот аргентински фудбалер го дал во жалбата приложена до ФИФА од страна на Аргентинската Фудбалска Асоцијација. Додека голем дел од светската јавност притиска за намалување на престрогата суспензија од четири натпревари поради навредување на помошниот судија, но Меси самиот си ја загорчи судбината откако во жалбата навел „Не го пцуев судијата, зборував „во воздух“, затоа и тој не се навреди“.
И се би било во ред доколку во модерниот фудбал врвните натпревари не ги следат толку многу камери, од кои неколку многу јасно го „фатија на дело“ Аргентинецот и неговиот конфликт.Аргументите на Меси се далеку од издржани, па сега на потег е Комисијата за жалби која ќе треба да ја донесе конечната одлука, дали да се намали казната на најдобриот аргентински фудбалер. Доколку актуелната суспензија остане на сила, тогаш Меси би се вратил за последниот квалификациски натпревар, на гостински терен со Еквадор, селекција што им е директен ривал на „гаучосите“ во битката за пласман на СП во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА