БИЗАРНО: Тренерот на Бриж пред секој меч разговара со својата мртва мајка

Тренерот на Клуб Бриж, Ники Хејен изјави дека пред секој натпревар разговара со својата покојна мајка.

Како што вели, тоа ќе го направи и пред реваншот со Аталанта во Лигата на шампионите.

„Пред секој натпревар разговарам со мајка ми, која прерано почина пред четири години. Минатата година, пред плеј-офот во лигата, и кажав дека сакам да направам нешто лудо, на крајот ја освоивме титулата. Дали сум длабоко религиозен? Па, не, но чувствувам дека тоа е нешто што ме радува. Морам да верувам во нешто, да верувам дека нешто постои“, изјави Хејен.

Се вчитува...