Со денешните две средби и дефинитивно беше заокружено четвртфиналето во Бизнис-лигата, а место во полуфиналето обезбедија екипите на ЕЛЕМ и на Рамстор.
Ничевски човек на одлука во победата на ЕЛЕМ над Уника
ЕЛЕМ 4-4(2-2) Уника (8-7 по пенали)
ЕЛЕМ: Диме Милевски 7’ Антонио Ничевски 17’ 34’ Влатко Петровски 24’ | Антонио Ничевски (п) Димче Димитријески (п) Влатко Петровски (п) Синиша Ковачевиќ (п)
Уника: Ибиш Мисини 10’ Шабан Чупи 12’ Бесим Нухиу 26’ Арбен Нухиу 27’ | Арбен Нухиу (п) Бесим Нухиу (п) Шабан Чупи (п)
Рамстор воден од многубројната публика ја совлада Систина за Ф4
Рамстор 4-3(2-2) Систина
Рамстор: Ибрахим Бекир 10’ Ведат Арслан 16’ 34’ Авни Воша 21’
Систина: Игор Ѓорѓиевски 17’ 30’ Никола Трајковски 19’
Последниот полуфинален дуел од Ф8 фазата го одиграа екипите на Рамстор и Систина. Во првото полувреме екипата на Рамстор беше прва која ја превзеде иницијативата водена од својата многубројна публика успеа да дојде до резултатска предност од 2-0. Екипата на Систина ги консолидираше своите редови и со одличен напад успеа да израмни на полувремето за 2-2. Во второто полувреме екипата на Рамстор потпирајќи се на индивидуалните квалитети успеа да стекне предност која Стистина се обидуваше да ја стигне во текот на целото второ полувреме. Во последните три минути тренерот на Систина Амел Аломеровиќ во своите редови внесе голман играч како би го израмнил резултатот, но Рамстор не го дозволи тоа па го доби овој натпревар со 4-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА