Бизнис-лига: Еуро Табак го зеде скалпот на шампионот

Интересни три натпревари и пораз на актуелниот првак на денешната програма од Бизнис-лигата…

Шампионот Лукоил на колена пред Еуро Табак

Еуро Табак 4-2(2-1) Лукоил

Еуро Табак: Никола Зафировски 11′ 23′ Дејан Јанковски 5′ 29′ 
Лукоил: Маријан Цветковски 10′ Љупчо Апостоловски 23′

Еуро Табак одлично го отвори дуелот против екипата на Лукоил, со погодок преку Јанковски во 5. минута. По ова Лукоил ја превзеде иницијативата и створи неколку одлични шанси за погодок, во 10. минута со одличниот погодок на својот голман Цветковски успеа да го израмни резултатот. Екипата на Еуро Табак веќе во следната акција преку еден контранапад  стигна до водство од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Лукоил имаше повеќе од играта и вршеше силен притисок кон голот на Еуро Табак, но противникот одлично ја имаше поставено својата игра во одбраната и успеа да ја сочува својата мрежа мирна и да замине на полувремето со предност од 2-1. На стартот на второто полувреме Лукоил постигна погодок за израмнување, но Еуро Табак имаше брз одговор и веќе во истата минута успеа повторно да ја врати резултатската предност. Тимот на Лукоил со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но вредно е да се напомене дека екипата на Еуро Табак на својот гол го имаше расположениот Поповски кој имаше одлични интервенции и донесе победа на својата екипа со резултат од 4-2.

Сава Осигурување убедлива во дуелот со Пекабеско

Сава Осигурување 8-1(3-1) Пекабеско

Сава Осигурување: Андерј Китановски 19′ 36′ Трајче Илиевски 37′ Стефан Димитровски 34′ Коста Глигуровски 16′ 19′ Данило Апостолски 27′ 38′ 
Пекабеско: Мартин Здравевски 9′

Интересно прво полувреме одиграа Сава Осигурување и Пекабеско, уште на самиот се редеа шанси и на двете страни. Сава Осигурување беше таа која ја превзема почетната иницијатива и имаше повеќе шанси, но покажа слаба реализација. Екипата на Пекабеско во 9та минута успеа да реализира одличен контра напад за водство од 0-1. По ова следуваше мирен период на игра, но во 16та минута Глигуровски со одличен погодок успеа да и донесе израмнување на Сава Осигурување. До крајот на полувремето тимот на Сава Осигурување успеа да направи целосен пресврт па на паузата се замина со резултат 3-1. Во второто полувреме Пекабеско направи неколку промени во тимот и се обидуваше да фати резултатски приклучок но не успеа да најде против игра за денес расположената екипа на Сава Осигурување која имаше целосна контрола врз играта и го доби овој натпревар со убедливи 8-1.

 

Окта 3-4 (0-4) Фабрика Карпош – ГИМ

Окта: Живко Котевски 29′ Александар Јовчевски 33′ Един Скендеровиќ 36′
Фабрика Карпош: Кристијан Панев 4′ Александар Божиков 3′ Георги Божиков 15′ Славчо Мирчевски 18′

Првата фаза од полувремето и припадна на Фабрика Карпош која уште на самиот старт вршеше силен притисок кон голот на Окта што резултираше со водство од 0-2 во 4. минута. По оваа негатива екипата на Окта се префрли на противничко поле вршејќи притисок да фати резултатски приклучок, но во таквата отворена игра остави многу простор во одбраната тоа го казни екипата на Фабрика карпош во 15та минута со уште еден погодок и водство од 0-3. До крајот на полувремето Фабрика Карпош успеа да го зголеми водството на 0-4. Во второто полувреме тимот на Окта тргна во целосна офанзива со промена на тактиката во фаза на напад играјќи со голман играч што и делумно вроди со плод и во 36та минута успеаа да се доближат на гол негатива и да ги направат последните минути од натпреварот неизвесни. Сепак, екипата на Фабрика Карпош успеа да се одбрани од силниот притисок од екипата на Окта и да го добие натпреварот со резултат од 3-4.

Се вчитува...