Од трите денешни натпревари во Бизнис-лигата, два беа исклучително ефикасни…
Сава Осигурување со пресврт до победа над Лукоил
Лукоил 2-6(2-1) Сава Осигурување
Лукоил: Дејан Зиков 17’ Лоренцо Николовски 18’
Сава Осигурување: Ивица Минов 13’ 27’ 28’ 40’ Коста Глигуровски 28’ 40’
Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и Сава Осигурување, во првата фаза од полувремето двете екипи успеа да создадат голем број шанси, но имаа слаба реализација. Кон средината на полувремето поточно во 13. минута екипата на Сава Осигурување успеа да реализира еден контранапад преку Минов за водство од 0-1. По оваа негатива екипата на Лукоил зпочна да врши поголем притисок кон противничкиот гол со цел да дојде до израмнување што им успеа во 17та минута со одличен погодок на Зиков. До крајот на полувремето екипата на Лукоил успеа да направи целосен резултатски персврт па на паузата се замина со 2-1. Во второто полувреме комплетно нова слика, видовме една расположена екипа на Сава Осигурување која успеа од негатива на полувреме до средината на полувремето да го врати резултатот во своја корист. Лукоил се обидуваше со сите сили резултатски да се врати во игра но екипата на Сава Осигурување доста вешто го чуваше својот гол и преку контранапади го зголемуваше водството. Натпреварот заврши со резултат од 2-6.
Македонски Телеком со реми против Рамстор до место на фајнал-ејт
Македонски Телеком 7-7(2-2) Рамстор
Македонски Телеком: Стефан Наскоски 4’ 15’ Марко Магденовски 22’ 39’ 40’ Гоце Филипов 31’ Наум Марковски 33’
Рамстор: Ибрахим Бекир 7’ 13’ 21’ 25’ 35’ Ведат Арслан 38’ 38’
Изедначено прво полувреме одиграа екипите на Македонски Телеком и Рамстор, прва до водство дојде екипата на Телеком во 4та минута преку одличен погодок на Насковски, Рамстор имаше брз одговор на ова водство и веќе во 7. минута преку Бекир го израмни резултатот. По овие брзо постигнати голови следеше смирување на темпото играта се одвиваше на средината на теренот, а играчите се обидуваа преку соло акции да го превземат водството. Во тоа успеа екипата на Рамстор која во 13. минута дојде до водство од 2-1, но две минути подоцна Телеком повторно преку Насковски дојде до израмнување. До крајот на полувремето и двете екипи се обидуваа да дојдат до поволен резултат но ниту една од нив не успеа во тоа, на паузата се замина со 2-2. Во второто полувреме се продолжи со жестока борба двете екипи постојано се менуваа во водството, Рамстор во последните минути од натпреварот кога сите мислеа дека ја има победата во „џеб“ со предност од 7-5, но екипата на Телеком во една минута успеа да постигне два погодоци да се избори за реми и понатамошен пласман во разигрувањето. Натпреварот заврши со 7-7.
Макпетрол убедлив во дуелот со Раде Кончар
Макпетрол 14-9(8-0) Раде Кончар
Макпетрол: Мишо Ѓоргиевски 1’ 7’ 8’ 11’ 16’ 19’ 21’ 24’ 26’ 27’ 28’ Марко Костенцовски 4’ 6’
Раде Кончар: Горан Наумовски 22’ Сашо Василовски 29’ Сашо Трпчевски 30’ Ивица Доневски 33’ Мартин Јовевски 34’ 37’ 38’ 39’ Дејан Димитриевски 36’
Ефикасно прво полувреме одиграа екипите на Макпетрол и Раде Кончар, во ова полувреме Макпетрол ја имаше целосната контрола врз играта и резултатот и покажа доминантна игра што резултираше со високи 8-0 во првото полувреме. Раде Кончар не успеа да најде против игра за денес одличниот состав на Макпетрол. Вредно е да се напомене дека во таборот на Макпетрол денес голгетерски расположениот Ѓоргиевски имаше одлично прво полувреме. Во второто полувреме Макпетрол се опушти по високата предност од првото полувреме, па екипата на Раде Кончар ја искористи таа шанса и успеа да ја намали големата предност на Макпетрол. Натпреварот заврши со конечни 14-9.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА