Нови интересни натпревари беа и денеска на програмата во рамките од завршницата од регуларниот дел од сезоната во Бизнис-лигата.
ЈСП до сигурна победа над Уни Банка
ЈСП 8-3(4-3) Уни Банка
ЈСП: Љупчо Павловиќ 2’ Марјан Србиновски 8’ 18’ 39’ Даниел Антовски 11’ 22’ 24’ Далибор Миленковски 38’
Уни Банка: Ивица Орозовски 2’ Ѓорѓи Пецевски 12’ Марко Ташков 20’

Одлично отварање имаше натпреварот помеѓу ЈСП и Уни Банка, со погодоци уште во 2. минута и на двете страни екипите навестија доста интересно прво полувреме. Првата фаза од полувремето екипата на ЈСП имаше повеќе од играта и тоа успеа да го искористи со резултатска предност од 3-1. Сепак екипата на Уни Банка не се предаваше лесно и во финишот од полувремето ја стопи разликата на 4-3. На самиот старт на второто полувреме екипата на ЈСП наметна жесток ритам на игра и изврши силен притисок кон протвничкиот го со што успеа резултатски да се одлепи. Екипата на Уни Банка во неколку наврати со одлични акции успеа да створи сигурни шанси за гол но денеска имаа слаба реализација. ЈСП до крајот на натпреварот ја имаше целосната конрола врз играта и резултатот па овој натпревар го доби со убедливи 8-3.
Уника со одлична игра во одбраната ја сочува предноста против Еуро Табак
Еуро Табак 5-7(2-4) Уника
Еуро Табак: Дејан Јанковски 8’ 16’ Филип Поповски 31’ Никола Зафировски 33’ Влатко Богдановски 40’
Уника: Љуљзим Каштањева 2’ 10’ 31’ Бенјамин Граинца 10’ 39’ Ибиш Мисини 31’ Влатко Кокаланов 17’

Натпреварот помеѓу Еуро Табак и Уника одлично го отвори екипата на Уника која уште на самиот старт ја превзема контролата врз играта и упеа сите шанси да ги претвори во гол. Еуро Табак со сите сили се обидуваше да го намали високото водство во што и делумно успеа, но екипата на Уника доста умешно ја имаше поставено својата игра во одбрана и преку контра напади упеваше да го зголемува водството. На полувремето се замина со резултат од 2-4. Во вториот дел Еуро Табак направи промена во тимот и во играта внесе голман играч со кој во фаза на напад вршеше постојан притисок, тие успеаа да створат неколку шани за израмнување но имаа слаба реализација, тоа го казни Уника која успеа да го добие овој натпревар со 5-7.
Фабрика Карпош осигура влез во завршната фаза
ЕЛЕМ 3-4(1-2) Фабрика Карпош
ЕЛЕМ: Петар Василевски 8’ Ивица Апостоловски 36’
Фабрика Карпош: Игор Николовски 2’ 5’ Александар Божиков 26’ 33’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Фабрика Карпош, уште на самиот старт на полувремето двете екипи се одредија за офанзивен стил на игра што резултираше со голови уште во раната фаза. Во 5та минута екипата на Фабрика Карпош имаше водство од 0-2, екипата на ЕЛЕМ по негативата од два погодоци нападна пожестоко кон голот на Фабрика Карпош и во 8та минута успеа да постигне погодок и да го намали водството на 1-2. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош успеа да ја сочува предноста која ја стекна уште во првите минути од натпреварот. Во второто полувреме двете екипи продолжија со жестока борба по целот терен во рамките на фер-плејот, екипата на ЕЛЕМ во 25. минута успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот со што го внесе натпреварот во неизвесна завршница. Во таквата завршница поснаодлива беше екипата на Фабрика Карпош која успеа натпреварот да го добие со резултат 3-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

