Бизнис-лига: Лукоил тргна шампионски

Нови три средби беа на програмата во Бизнис-лигата, меѓу нив и дуелот на актуелниот шампион Лукоил со Уни Банка…

ЕВН во неизвесна завршница славеше над Гранит

Гранит 6-7(3-5) ЕВН

Гранит: Дарко Петров 15′ 19′ Сашо Кароски – Џуме 16′ Стеван Тевдовски 22′ 39′ Пепи Мицев 21′
ЕВН: Наум Бадаловски 7′ 12′ 15′ 30′ 34′ Томи Илиевски 10′ Вилијам Митев 18′

Ефикасно прво полувреме одиграа Гранит и ЕВН, екипата на ЕВН беше та која уште на самиот старт ја превзема иницијативата и успеа да створи повеќе шанси за гол од кои дел успеа да ги реализира за рано водство. Кон средината на натпреварот екипата на Гранит успеа да ги консолидира своите редови и резултатски да се врати во игра. Сепак, екипата на ЕВН не се откажуваше лесно од рано стекнатото водство. На полувремето се замина 3-5. На стартот на второто полувреме Гранит успеа да постигне два погодоци и да го израмни резултатот. По ова израмнување следеше вистинска бркотница на теренот и во таквата игра поснаодлива беше екипата на ЕВН која успеа да го добие овој натпревар со резултат од 6-7.

 

Лукоил супериорен во дуелот со Уни Банка

Лукоил 8-1(4-0) Уни Банка

Лукоил: Лоренцо Николовски 2′ 22′ Марјан Цветковски 5′ 19′ Дејан Зиков 17′ 29′ Мартин Алаѓозоски 24′ Стојанче Коцев 40′
Уни Банка: Александар Кузинаков 39′

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Лукоил и Уни Банка помина во знакот на екипата на Лукоил. Уште на самиот почеток тие започнаа со својата препознатлива игра со многу комбинаторика и воиграни акции и веќе во 5та минута имаа водство од 2-0. Екипата на Уни Банка со повремени контра напади се обидуваше да го изненади противникот но Лукоил одлично ја имаше поставено својата одбрана. До крајот на полувремето екипата на Лукоил имаше целосна контрола врз играта и резултатот па на паузата се замина со резултат од 4-0 во корист на Лукоил. Во второто полувреме иста слика, потполна доминација на екипата на Лукоил и од минута во минута го зголемуваа водството за во финишот од натпреварот да дојдат до предност од 7-0. Сепак екипата на Уни Банка успеа да ја пробие одбраната на Лукоил и да реализира за на крајот да се приврши овој натпревар со 8-1 во корист на Лукоил.

Систина со пресврт до победа

Аџибадем Систина 7-3(2-3) СЦ „Борис Трајковски“

Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиев 29′ 39′ Бојан Саздовски 30′ Кристијан Димковски 19′ Мирослав Неделковски 16′ Никола Трајковски 39′ 40′ 
СЦ Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 5′ Јован Димовски 12′ 13′

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Систина и СЦ „Борис Трајковски“, уште на самиот старт двата тима започнаа со офанзивен стил на игра и се редеа шанси за гол на двете страни. Екипата на СЦ Борис Трајковски беше поконкретна и успеа своите шанси да ги претвори во погодоци за солидно водство од 3-0. Кон крајот на полувремето екипата на Систина направи неколку промени во играчкиот кадар и успеа да постигне два брзи погодоци и да се врати резултатски во игра. Сепак. на полувремето се замина со предност од 2-3 за Борис Трајковски. Во второто полувреме Систина успеа да ги консолидира своите редови и со посериозен пристап да влезе во натпреварот што резултираше со целосен резултатски пресврт, кој успеаа да го сочуваат се до крајот и да го добијат натпреварот со 7-3.

Се вчитува...