Бизнис-лига: Матрикс како Италија, со пенал-рулет до титулата

Големото финале од Бизнис-лигата донесе фантастичен меч, во кој екипата на Матрикс дуро по подобро изведување на пенали славеше над Еуро Табак, откако во регуларниот дел натпреварот заврши 4-4, враќајќи се од негатива од 1-4 и со голем камбек стигнувајќи до трофејот.

Двете екипи уште од самиот почеток со темпото на игра најавија дека гледаме финале. Екипата на Матрикс беше таа која на почетокот на полувремето притисна кон противничкиот гол, но екипата на Еуро Табак одлично ја постави својата одбрана и го издржуваше притисокот. Кон крајот на полувремето во 18. минута екипата на Еуро Табак успеа преку брз контра напад на Ливрински да го отвори резултатот и да го превземе водството на 1-0. До крајот на полувремето расположениот Ливрински успеа да искористи уште една грешка во одбраната на Матрикс и го зголеми водството на 2-0.

Во второто полувреме екипата на Матрикс го подигна темпото на игра и повтороно притисна кон голот на Еуро Табак ваквата отворена офанзивна игра ја искористи Еуро Табак за зголемување на водството на 3-0 со третиот погодок на Ливрински. Во 25та минута од натпреварот екипата на Матрикс конечно ја најде пукнатината во одбраната на Еуро Табак и го намали водството на 3-1, но само минута подоцна екипата на Еуро Табак повторно реализираше за 4-1 преку одличниот погодок на Јанковски. Екипата на Матрикс не се откажуваше лесно од овој натпревар, па во 29. минута преку одличен погодок на Брњарчески успеа да ја намали предноста на Еуро Табак на 4-2. По еден незгоден старт екипата на Еуро Табак остана со играч помалку, што екипата на Матрикс го искористи и се врати на само гол негатива 4-3. Во 35. минута екипата на Матрикс поведена од претходниот гол успеа повторно да реализира и да дојде до израмнување на 4-4 и пенал завршница. По изведување на пеналите екипата на Матрикс имаше повеќе среќа и успеа да стигне до шампионската титула.

Еуро Табак 4-4(2-0) Матрикс 6-8 по пеналите

Еуро Табак: Мартин Ливрински 18’ 20’ 24’ Дејан Јанкоски 27’ Матрикс: Драган Брњарчевски 26’ 29’ 35’ Мирко Богески 34’ 

Се вчитува...