Три интересни натпревари беа вечерва на програмата од Бизнис-лигата:
Окта ги искористи грешките во обраната на Еуро Табак
Еуро Табак 1-6(0-2) Окта
Еуро Табак: Григориј Јовановски 36’
Окта: Драганче Стојановски 17’ 20’ Драганчо Ѓорѓиевски 22’ Александар Јовчевски 28’ Дуко Серафимовски 31’ Живко Котевски 38’
ЈСП со одлично второ полувреме до победа над Вип
ЈСП 5-1(1-0) Вип
ЈСП: Љупчо Павловиќ 8’ Сабит Хусеини 25’ Далибор Миленковски 38’ Томи Петковски 38’ 40’Вип: Бобан Несторовски 40’
ЕЛЕМ со пресврт до победа над Пекабеско
ЕЛЕМ 5-4(1-2) Пекабеско
ЕЛЕМ: Синиша Ковачевиќ 8’ Антонио Ничевски 32’ 40’ Димче Димитриевски 32’ Влатко Петровски 33’Пекабеско: Мартин Здравевски 4’ Слободан Игнатов 17’ 24’ Петар Киприновски 31’
Одличен натпревар одиграа екипите на ЕЛЕМ и Пекабеско. Уште на самиот почеток на полувремето и двете екипи наметнаа високо темпо на игра во таа бркотница на теренот видовме рано водство на екипата на Пекабеско уште во 4 тата минута. Екипата на ЕЛЕМ преку Ковачевиќ кој имаше одлична соло акција успеа да дојде до израмнување на резултатот. Сепак во самиот финиш на првото полувреме екипата на Пекабеско успеа да постигне гол и да го добие првото полувреме со резултат од 1-2. Во второто полувреме бевме сведоци на фудбал на со многу убави акции, шанси и на двете страни. Екипата на Пекабеско го одржуваше водството се до 32. минута, кога екипата на ЕЛЕМ со сите сили нападна кон противничкиот гол и успеа да направи голем пресврт и да го добие натпреварот со конечен резултат од 5-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА