Две интересни средби се одиграа денеска во рамките од Бизнис-лигата.
Сава Осигурување во последните секунди ги однесе бодовите
ЕВН 5-6(2-2) Сава Осигурување
ЕВН: Томи Илиевски 4’ 34’ Наум Бадаловски 7’ Виктор Валканчев 27’ 29’ Сава Осигурување: Коста Глигуровски 8’ 23’ 32’ Данило Апостолски 10’ 37’ Мирче Маринковиќ 40′
Македонски Телеком го доби телекомуникациското дерби против Вип
Македонски Телеком 3-2(2-0) Вип
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 19’ 20’ Стефан Наскоски 29’
Вип: Мартин Ангеловски 9’ Јовица Наумовски 40’
Во првото полувреме од дерби натпреварот помеѓу екипите на Македонски Телеком и Вип видовме доста претпазлив фудбал и на двете страни. Двете екипи беа фокусирани на одбрана на својот гол што резултираше со малку шанси и на двете страни. Сепак на крајот на првото полувреме со еден атрактивен удар Лазаревски успеа да го скрши мразот и да ја доведе екипата на Телеком до водство од 1-0, кратко потоа истиот играч искористи грешка во одбраната на Вип за резултат на полувремето од 2-0. Во второто полувреме екипата на Вип тргна во целосна офанзива кон голот на Телеком обидувајќи се да го изедначи резултатот, но сепак сето тоа екипата на Македонски Телеком го искористи и преку контра напади го зголеми водството, Вип успеа во последните минути да постигне два гола но не и да го сврти резултатот во своја ползa благодарение на одличните одбрани на голманот Данило Миладиновски од екипата на Телеком, па го загуби овој меч со резултат од 3-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА