Три ефикасни натпревари и денеска беа на програмата во рамките од Бизнис-лигата…
Гранит со контранапади до убедлива победа над Уни Банка
Гранит 9-4(2-1) Уни Банка
Гранит: Стефан Тевдовски 37’ Дарко Петров 10’ 38’ 39’ Дарко Стојановски 4’ 22’ 24’ Сашо Каровски 25’ 30’
Уни Банка: Зоки Мицев 32’ Александар Кузинаков 12’ Ивица Орозовски 24’ 37’
Гранит одлично го започна дуелот против екипата на Уни Банка, со погодок уште во 4. минута го отвори резултатот. Неколку минути подоцна Гранит реализираше еден контранапад за зголемување на водството на 2-0. Тимот на Уни Банка две минути подоцна успеа да постигне погодок и да фати резултатски приклучок. До крајот на полувремето двете екипи атакуваа кон голот на противникот, но голманите беа на ниво на задачата па на паузата се замина со 2-1. Во второто полувреме Уни Банка со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на Гранит со одлична игра во одбраната не остави простор за игра, а преку контра напади го казнуваше противникот. Последните неколку минути од натпреварот екипата на Уни Банка во игра внесе голман играч, но и таа тактика не вроди со плод, па го загуби овој натпревар со 9-4.
Телеком со сигурна игра до триумф
Искрател Груп 3-6(2-3) Македонски Телеком
Искрател Груп: Дарко Видиниќ 27’ Ратко Иванов 20’ Роберто Гаврилов 20’
Македонски Телеком: Агрон Пацоли 18’ Михајло Лазарески 29’ Роберто Попоски 36’ Стефан Наскоски 11’ Даниел Анчевски 1’ 34’
Интересно прво полувреме одиграа Искрател Груп и Македонски Телеком, со отворена игра се редеа шанси и на двете страни. Екипата на Телеком уште на стартот успеа да постигне погодок и да го отвори резултатот. По оваа негатива Искрател успеа да креира неколку одлични шанси за погодок, но имаше слаба реализација, а тоа успеа да го кази екипата на Телеком со погодок во 11. минута и водство од 0-2. До крајот на полувремето екипата на Телеком имаше повеќе од играта па го доби полувремето со 3-2. Во второто полувреме екипата на Искрател се обидуваше со чести ротации на играчи да ја пронајде својата игра и да го намали водството од полувремето. Сепак, тимот на Телеком со одлична игра во одбраната не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со резултат од 3-6.
Систина немаше лек за Матрикс
Аџибадем Систина 4-10(3-4) Матрикс
Аџибадем Систина: Кристијан Димоковски 14’ 32’
Матрикс: Хикола Христовски 8’ Дарко Цветковски 9’ Антонио Богдановски 38’ 40’ Драган Брњарчевски 29’ Петре Даиловски 3’ 16’ 34’ 36’ 37’
Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу Аџибадем Систина и Матрикс и припадна на екипата на Матрикс. Тие уште на самиот старт се префрлија во противничко поле и вршеа жесток притисок кон голот на систина што резултираше со високо водство од 0-3 до 10. минута. Составот на Систина се обидуваше да ја пронајде својата игра и да фати резултатски приклучок во што успеа, па до полувремето успеа да дојде до само еден гол негатива 3-4. Во второто полувреме двете екипи продолжија со високо темпо на игра, многу борба по целиот терен. Екипата на Систина беше таа која го бркаше резултатот па фрли се на една карта – нападот, таквата отворена игра ја направи нивната одбрана ранлива, па Матрикс умешно го искористи тоа за висока победа од 4-10.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА