Нови три натпревари беа денеска на програмата во рамките на Бизнис-лигата…
Рамстор убедлив во дуелот со Уни Банка
Уни Банка 2-10(1-4) Рамстор
Уни Банка: Ангел Пеков 1’ Александар Најдевски 40’
Рамстор: Енис Мурселов 23’ Фуркан Муртезан 7’ 16’ Ибрахим Бекир 38’ 39’ Михрем Мемед 4’ 5’ 40’ Горан Џугуманов 35’ Владимир Боцевски 27’
Одличен старт за Уни Банка во дуелот со Рамстор, уште во првата минута со прекрасен погодок Петков го отвори резултатот за водство на оваа екипа. Следуваше брз одговор на Рамстор со двата погодоци на Мемед и целосен резултатски пресврт. Неколку минути подоцна екипата на Рамстор постигна погодок преку Муртезан за водство од 1-3. До крајот на полувремето тимот на Уни Банка се обидуваше да го намали водството, но Рамстор одлично ја постави играта не дозволи намалување на водството и успеа да постигне погодок за зголемување на водството на 1-4 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме Уни Банка се обиде со промена на тактиката во игра внесе голман играч како би фатила резултатски приклучок, тие успеаја да создадат неколку шанси но имаа слаба реализација, а тоа составот на Рамстор преку контранапади знаеше да го казни за висока победа на овој натпревар од 2-10.
Аџибадем Систина со пресврт до триумф
Еуро Табак 5-7(3-2) Аџибадем Систина
Еуро Табак: Мартин Ливрински 37’ Никола Зафировски 27’ Дејан јанковски 7’ 14’ 17’
Аџибадем Систина: Ивица Петровски 25’ Игор Ѓоргиевски 33’ Бојан Саздовски 36’ Кристијан Димковски 35’ Мирослав Неделковски 15’ 17’ 40’
Интересно прво полувреме одиграа Еуро Табак и Аџибадем Систина, прва до водство дојде екипата на Еуро Табак во 7та минута. Одличната игра Еуро Табак ја круниса со уште еден погодок и водство од 2-0 во 14та минута, но составот на Систина направи неколку измени во својот тим со што ја пронајде својта игра и успеа да фати резултатски приклучок. Еуро Табак во ова полувреме го имаше расположениот Јанковски кој со својот трет гол и донесе водство на својата екипа од 3-2, резултат со кој се замина на полувреме. На стартот на второто полувреме тимот на Систина успеа да постигне погодок за израмнување на резултатот, по што следуваше вистинска бркотница на теренот. Во таквата отворена игра поснаодлива беше екипата на Систина која го доби овој натпревар со 5-7.
Матрикс со одличен финиш до победа над Џонсон Мети
Матрикс 5-3(2-2) Џонсон Мети
Матрикс: Драган Брњарчевски 28’ 34’ Петре Даиловски 6’ 11’ 39’
Џонсон Мети:Бојан Дејановски 6’ 17’ Бобан Ристов 26’
Динамично прво полувреме во високритам одиграа Матрикс и Џонсон Мети, уште на самиот старт двете екипи се определија за офанзивен фудбал што донесе многу шанси за гол и на двете страни. Прва до водство дојде екипата на Џонсон Мети во 6. минута, следуваше експресен одговор од страна на Матрикс уште во истата минута за израмнување на резултатот на 1-1. Во средината на полувремето Даиловски со мајсторски погодок успеа да и донесе водство на екипата на Матрикс од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Џонсон Мети бркаше израмнување што им успеа во 17та минута со погодокот на Дејановски и резултат од 2-2 со кој се замина на полувремето. На стартот од второто полувреме екипата на Џонсон Мети преку својот голман Ристов успеа да го превземе водството, по ова екипата на Матрикс вршеше жесток притисок кон голот на Џонсон Мети па неколку минути подоцна успеа да дојде до израмнување. Финишот од натпреварот и припадна на екипата на Матрикс која со одлична игра успеа да направи целосен резултатски пресврт и да го добие натпреварот со 5-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА