Бизнис-лига: Систина немоќна против Алкалоид

Нови три натпревари беа денеска на програмата, најефикасна беше екипата на Матрикс, која постигна 12 погодоци против Искрател.

Матрикс Убедлив во дуелот со Искрател Груп

Матрикс 12-1(4-1) Искрател Груп

Матрикс: Дарко Цветковски 3’ Антонио Богдановски 5’ 18’ 22’ 24’ Петре Даиловски 11’ 26‘ 38’ Ивица Алампиоски 32’ Дејан Нишиќ 29’ 
Искрател Груп: Роберто Гаврилов 13’

Интересно прво полувреме одиграа Матрикс и Искрател Груп, екипата на Матрикс уште на самиот старт ја презеде иницијативата што резултираше со рано водство уште во 3. минута. Во средината на полувремето Матрикс стекна солидна предност која до крајот на полувремето преку контранапади ја зголемуваше за на крајот да изнесува 4-1. Во второто полувреме екипата на Искрател груп тргна напаѓачки и со сите сили се обидуваше резултатски да се врати во игра, таквата отворена игра остави празнини во одбраната кои што екипата на Матрикс ги казнуваше по што дојде до победа од 12-1.

Телеком немаше доволно сили за пресврт против Макпетрол

Македонски Телеком 4-7(1-5) Макпетрол

Македонски Телеком: Гоце Филипов 6’ 33’ Михајло Лазаревски 36’ Петре Велигденов 38’ 
Макпетрол: Марко Костенцовски 15’ 30’ 40’ Игор Стојковски 17’ Бенер Бекировски 4’ Мишо Ѓоргиевски 10’ Виктор Доневски 20’

Уште на самиот старт и двете екипи започнаа со офанзивна игра, па се редеа шанси и на двете страни. Прва до водство дојде екипата на Макпетрол во 4. минута. Следуваше брз одговор на Телеком и израмнување во 6. минута. Во остатокот од полувремето екипата на Макпетрол имаше повеќе од играта што резултираше со водство на полувремето од 1-5. Во второто полувреме Телеком се префрли на противничката половина и вршеше силен притисок со цел да фати резултатски приклучок, се обидуваа со чести ротации и промена на тактиката со што внесоа голман играч во своите редови, но тимот на Макпетрол со одлично поставена игра во одбраната доста умешно успеа да го сочува водството стекнато во првото полувреме.

 

Систина со скратен ростер го загуби дуелот со Алкалоид

Алкалоид: Стефан Димовски 13’ 14’ 21’ Даниел Митич 32’ 33’ Дениз Салкович 9’ 14’ 26’ Николче Дамјановски 12’
Аџибадем Систина: Ивица Петровски 22’ Кристијан Димковски 1’ 32’ 38’ Никола Малјановски 5’ 24’

Одличен старт имаше составот на Аџибадем Систина во дуелот со Алкалоид, екипата на Систина успеа да дојде до рано водство од 2-0 уште во 5. минута. По оваа негатива екипата на Систина со обидуваше да најде противигра како би го намалила водството но екипата на Алкалоид направи промена во својот состав внесувајќи го Оливер Христовски на место на голман играч, но на одмор се замина со предност на Алкалоид од 5-2.  Во второто полувреме Алкалоид продолжи со истата поставеност во играта, со што ја задржи разликата која ја имаа на полувремето. Систина која имаше кратка клупа не можеше да најде против игра за ваквата поставеност на Алкалоид кој на крајот славеше со 9-6.

Се вчитува...