Три интересни натпревари беа денеска на програмата во рамките од Бизнис-лигата…
По многу пресврти, Адмирал ја совлада Сава Осигурување
Сава Осигурување 5-6(1-3) Адмирал
Сава Осигурување: Зоран Василевски 1’ 33’ Данило Апостолоски 25’ 39’ Стефан Димитровски 26’
Адмирал: Златко Димовски 2’ Спасе Новковски 15’ 32’ Ненад Лазаревски 19’ Стефан Серафимовски 24’ Александар Лазаревски 31’
Екипата на Сава Осигурување уште од првата минута во дуелот со Адмирал успеа да постигне гол и го отвори овој натпревар со предност од 1-0, но Адмирал по нецела минута успеа да израмни и да дојде до пресврт до крајот на полувремето кое го доби со резултат од 1-3. Во второто полувреме се водеше израмнета борба и на двете страни иако на почетокот на полувремето екипата на Адмирал стекна резултатска предност. Екипата на Сава Осигурување успеа да се врати во натпреварот и со тоа да влезе во егал завршница која на крајот ја доби екипата на Адмирал со резултат од 5-6.
ЕЛЕМ преку Македонски Телеком до Ф8
ЕЛЕМ 4-2(2-1) Македонски Телеком
ЕЛЕМ: Димче Димитријески 9’ Влатко Петровски 14’ Пеце Соклевски 37’ Павле Маџовски 40’
Македонски Телеком: Стефан Наскоски 7’ 21’
Овој натпревар беше од големо значење и за двете компании бидејќи одлучуваше за влез во Ф8 фазата. Уште на самиот старт се виде дека и двете екипи имаа сериозен пристап и се цврсто решени да ги освојат бодовите за влез во Ф8. Екипата на ЕЛЕМ со голман играч се чини дека успеа да го изненади Македонски телеком па на полувремето отиде со минимална предност од 2-1. Во второто полувреме екипата на Македонски Телеком успеа да израмни на 2-2 и со тоа да влезе во егал натпревар. По груб старт имаше исклучување и на двете страни но екипата на ЕЛЕМ го извлече подебелиот крај и останувајќи со играч помалку две минути плус. Македоски Телеком не успеа да го искористи играчот плус во нападот со што му даде простор на ЕЛЕМ да се комплетира. Ваквиот комплетиран ЕЛЕМ преку контра напади успеа да реализира два отворени шута кон голот и да ја запечати победата на овој натпревар со 4-2 со што успеа да се избори за пласман во Ф8.
Пекабеско со срце на терен до победа над Рамстор
Рамстор 3-5(3-1) Пекабеско
Рамстор: Зеко Ковачи 3’ Ибрахим Бекир 16’ 17’
Пекабеско: Маријан Величковски 5’ Јовица Левајковски 22’ 24’ Бобан Вујиќ 27’ Дејан Неделковски 29’
Екипите на Рамстор и Пекабеско одиграа две дијаметрално спротивни полувремиња. Во првото полувреме екипата на Рамстор прикажа одлична игра и апсолутна доминација во секој сегмент од фудбалската игра со што успеа да оствари предност од три гола. Екипата на Пекабеско иако даваше максимум немаше реализација па го загуби полувремето со резултат од 3-1. Во второто полувреме Пекабеско успеа целосно да ги консолидира своите редови и со максимална борбеност играјќи цврст фудбал да се врати во натпреварот. Ваквата игра на Пекабеско му овозможи не само да израмни, туку и да поведе со 3-5 резултат со кој успеа да го добие овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА