Бизнис-лига: Убедлива победа на ЕВН

Трите денешни натпревари од Бизнис-лигата не донесоа преголема неизвесност…

ЕВН доминантен во дуелот со Пекабеско

Пекабеско 2-8(1-3) ЕВН

Пекабеско: Марко Ѓеоргиевски 12′ Мартин Здравевски 32′ 
ЕВН: Виктор Валканчев 40′ Бојан Симоновски 34′ 38′ Ајет Новобрдарија 5′ 7′ 15′ 36′ Бојан Тодоровски 40′

Прва до водство дојде ЕВН во 5. минута, а две минути подоцна со вториот погодок на Новобрдарија овој тим зголеми на 2-0. Кон средината на полувремето екипата на Пекабеско успеа да постигне погодок преку Неделковски за намалување на водството, но во ова прво полувреме екипата на ЕВН во своите редови го имаше Новобрдарија кој постигна хет трик и го зголеми водството на 1-3, резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме Пекабеско со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, тие се обидоа и со промена на тактиката внесувајќи голман играч со цел да направат вишок во нападот, но таквата отворена игра остави голема празнина во одбраната која составот на ЕВН вешто ја искористи за зголемување на водството и висока победа од 2-8.

Гранит со колективна игра стигна до победа над Окта

Гранит 7-4(4-0) Окта

Гранит: Стефан Тевдовски 10′ 32′ Дарко Стојановски 9′ 17′ Сашо Каровски – Џуме 18′ 37′ Николче Глигуровски 25′
Окта: Шеќ Личина 24′ Драганче Стојановски 26′ Душан Босиљанов 30′ 32′

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Гранит и Окта помина во мирен ритам во која и двете екипи ги испитуваа силите и беа доста внимателни. Кон средината на полувремето Гранит ја подигна својата игра на повисоко ниво што резултираше со два погодоци едно по друго и комотно водство од 2-0. Екипата на Окта се обидуваше со сите сили да го намали резултатот но екипата на Гранит успеваше да ја казни секоја нѝвна грешка за високи 4-0 на полувремето. На стартот на второто полувреме Окта успеа да постигне два погодоци и да фати резултатски приклучок и да го направи остатокот од полувремето неизвесен. На десетина минути до крајот тимот на Окта успеа да стигне до еден гол негатива, но сепак екипата на Гранит со евроголот на Каровски стави печат на овој натпревар за победа од 7-4.

 

Еуро Табак фуриозно во дуелот со Искрател Груп

Искрател Груп 2-8(0-4) Еуро Табак

Искрател Груп: Ратко Иванов 26′ Никола Велевски 29′ 
Еуро Табак: Даниел Василевски 5′ 7′ 23′ 40′ Дејан Младеновски 3′ 18′ 31′ 35′

Одличен старт на екипата на Еуро Табак во дуелот со Искрател Груп со водство од 0-1 уште во 3. минута. По овој брзо постигат погодок Еуро Табак успеа да постигне уште два погодоци за комотно водство од 0-3 во 7. минута. Екипата на Искрател Груп направи промена во тактиката внесувајќи голман играч и со сите сили се обидуваше да го намали водството, но Еуро Табак имаше целосна контрола врз играта и резултатот. На паузата се замина со резултат од 0-4. На стартот на второто полувреме тимот на Искрател Груп се префрли во противничко поле вршејќи силен притисок кон голот на Еуро Табак со цел да го намали високото водство од полувремето, но екипата на Еуро Табак одлично ја постави играта во одбраната и преку контра напади успеваше да ја казни отворената игра на Искрател Груп за победа од 2-8.

Се вчитува...