Нови возбудливи натпревари можеа да се проследат денеска во рамките од Бизнис-лигата.
Уника во второто полувреме до победа над Окта
Уника 7-3(3-3) Окта
Уника: Деспотовски 4’ Бесими Нухиу 8’ Љуљзим Каштањева 16’ 24’ Шабан Чупи 22’ 36’ Ибиш Мисини 31’
Окта: Александар Јовчевски 2’ Живко Котевски 6’ Никица Богдановски 16’

Фабрика Карпош преку Божиков до победа над Вип
Фабрика Карпош 6-2(2-0) Вип
Фабрика Карпош: Александар Божиков 15’ 21’ 24’ 25’ 36’ Мики Нешиќ 18’
Вип: Мартин Ангеловски 25’ Зоран Николоски 29’

Во динамичен натпревар Матрикс до победа над Халк Банка
Халк Банка 4-7(2-5) Матрикс
Халк Банка: Маријан Атанасовски 5’ 19’ Влатко Блажевски 27’ Игор Стојановски 38’
Матрикс: Драган Брњарчевски 8’ 10’ Петре Даиловски 9’ Антонио Богдановски 11’ Мирко Богески 15’ 31’ Ивица Алампиоски 30’
Динамично прво полувреме во висок ритам одиграа екипите на Халк Банка и Матрикс. Двете екипи уште на самиот почеток влегоа фајтерски со спуштен “гард“ и наметнаа пеколно темпо на игра. Екипата на Халк Банка во 5та минута преку својот голман успеа да го отвори резултатот со прекрасен удар од далечина. По примениот гол екипата на Матрикс тргна жестоко кон противничкиот гол и во свој препознатлив стил со доста комбинаторика успеа да створи чисти шанси за гол и да ги реализира со што успеа да го сврти резултатот во нивна полза. На полувремето се замина со резултат од 2-5. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам со постојани напади кон противничкиот гол. Екипата на Халк Банка се обидуваше преку својот голман да створи вишок во нападот и да ја намали негативата, но екипата на Матрикс одлично ја постави својата одбрана и успеаа да одолее на притисокот на противникот. Натпреварот заврши со конечен резултат од 4-7.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

