Бизнис-лига: ВИП со убедлива победа за крај

Возбудувањата во Бизнис-лигата финишираат со уште три интересни натпревари.

Вип со победа над Окта ја финишираше сезоната

Вип 9-3(3-0) Окта

Вип: Мартин Ангеловски 6’ 22’ 26’ 34’ 36’ Јовица Наумовски 8’ Ненад Богдановиќ 13’ Мартин Тодоровски 24’ Никола Спасевски 39’

Окта: Александар Јовчевски 28’ 30’ Драганчо Ѓорѓиевски 28’


Првото полувреме од дуелот помеѓу Вип и Окта помина во брзо и динамично темпо на игра, екипата на Вип имаше повеќе од играта и шансите што резултираше со солидно водство од 3-0 веќе во 13. минута. Окта креираше неколку одлични шанси за погодок, но ниту една од нив немаше завршница за погодок, екипата на Вип доста рутинирано го приведе ова полувреме кон крајот со резултат од 1-3. На самиот старт на второто полувреме екипата на Окта со голман играч во фаза на напад се обидуваше да наметне своја игра како би дошла до израмнување, но Вип одлично ја имаше поставено играта во одбраната и не дозволи изненадување, па натпреварот заврши со резултат од 9-3

Џонсон Мети во второто полувреме до победа над Гранит

Гранит 2-7(1-1) Џонсон Мети

Гранит: Сашо Каровски – Џуме 5’ Кристијан Крстевски 23’
Џонсон Мети: Мартин Николовски 2’ 40’ Бобан Ристов 23’ Благоја Божиновски 24’ Бојан Дејановски 27’ Александар Недев 27’ Љупчо Стојановски 40’

Изедначено прво полувреме одиграа Гранит и Џонсон Мети, прва до водство дојде екипата на Џонсон Мети уште на самиот старт на натпреварот во 2та минута, неколку минути подоцна Гранит со одличниот погодок на Каровски успеа да го израмни резултатот на 1-1. По овие погодоци постигнати во раната фаза се смири темпото на игра играчите се обидуваа со соло акции и удари од далечина да постигнат погодок но до паузата резултатот остана непроменет. Во второто полувреме една нова слика, видовме една расположена екипа на Џонсон Мети која уште на самиот старт ја наметна својата препознатлива игра и своите шанси ги претвори во погодоци. До крајот на натпреварот и покрај обидите на Гранит да дојде до израмнување, екипата на Џонсон Мети доста искусно ја сочува предноста и успеа да го добие овој натпревар со резултат од 2-7.

Халк Банка со фуриозен старт до победа над ЕВН

ЕВН 2-5(0-3) Халк Банка

ЕВН: Вилијам Митев 32’ Бојан Симоноски 40’
Халк: Влатко Блажевски 1’ Дарко Крстевски 10’ Игор Стојановски 20’ Мартин Дамески 35’ Атанасовски 39’

Одлично прво полувреме одиграа екипите на ЕВН и Халк Банка, првиот дел од полувремето во целост и припадна на екипата на Халк Банка доказ за тоа беше голот уште во првата минута од натпреварот. По овој рано постигнат погодок тие имаа целосна контрола врз играта и резултатот и во 10. минута успеаја да ја зголемат предноста на 0-2. Екипата на ЕВН успеа да созададе неколку шанси за погодок но во овој дел од натпреварот покажаа слаба реализација. До крајот на полувремето Халк Банка ја зголеми разликата преку одличен контранапад, па на паузата се замина со резултат од 0-3. Во второто полувреме екипата на ЕВН со чести промени во ростерот се обидуваше да најде против игра за денес одличната игра на Халк Банка. Во последниот дел од натпреварот екипата на ЕВН во играта вметна и голман играч вршејќи притисок со играч повеќе во фаза на напад, но немаа доволно сили да направат нешто повеќе екипата на Халк Банка го задржа водството од полувремето и го доби натпреварот со 2-5.

Се вчитува...