Најмасовното аматерско натпреварување во мал фудбал, Бизнис Лига на Македонија, одржа прес конференција на која беа претставени компаниите учеснички, системот на натпреварување, распоредот и термините во кои ќе бидат одигрувани натпреварите како и други детали околу самата лига.
Сезоната 2019/2020 е десета последователна сезона во која Бизнис Лига на Македонија постави нов рекорд со 27 компании учеснички во аматерско натпреварување на целиот балкан. Дел од ова натпреварување во новата сезона ќе бидат екипите на:
1. ЈСП
2. Аптив
3. Џојсон Сејфти Системс
4. Ван Хоол
5. Матрикс
6. А1
7. Сава Осигурување
8. Окта
9. Лукоил
10. Аџибадем Систина
11. Гранит
12. ЕВН
13. ЕЛЕМ
14. МЕПСО
15. Пекабеско
16. Рамстор
17. Фабрика Карпош – ГИМ
18. Макпетрол
19. Уни Банка
20. Уника
21. Телеком
22. ФК на глуви Слобода
23. Еуро Табак
24. Џонсон Мети
25. Водовод Скопје
26. ТАВ
27. Тиквеш
Што се однесува до самиот ситем на натпреварување, ќе се игра еднокружно (секој со секого). Првите 4 екипи одат директно во Ф8, додека пак од 5 до 12 место екипите ќе се разигруваат за влез во Ф8. Победниците на кои ќе им се прилучат првите 4 влегуваат во Ф8 завршниот турнир кој води до титулата во шампион на Бизнис Лигата на Македонија.
Од оваа година новитет во Бизнис Лигата е присуството на Фудбалски Клуб на Глуви СЛОБОДА, кој ќе го игра регуларниот дел од Бизнис Лигата и ќе се бори за место на табелата во регуларниот дел. Терминот вторник во 18 часот е резервиран за нивните натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА