Бизнисмен го измами Двајт Хауард, па си доби 12 години казна затвор

Бизнисменот од Џорџија, кој ги измами поранешните кошаркари Двајт Хауард и Чендлер Парсонс за милиони долари, во четвртокот беше осуден на 12 години федерален затвор.

Поротата на Менхетен го прогласи Калвин Дарден Јуниор за виновен за измама на поранешниот НБА ас Хауард за 7 милиони долари, а 50-годишникот ги зел парите кажувајќи му на поранешниот центар дека ја купил Атланта Дрим, женската кошаркарска франшиза ВНБА.

Дарден успеа да „извлече“ уште еден милион од Парсонс, поранешниот крилен центар на Хјустон, Мемфис, Далас и Атланта, за да инвестира во младата надеж – Џејмс Вајсман, кој сезонава настапуваше за Индијана Пејсерс.

За време на затворската казна, Дарден ќе мора да плати уште осум милиони долари, како и да се откаже од нелегално стекнатиот луксузен недвижен имот и предмети како вила во Атланта вредна 3,7 милиони долари, дело на њујоршкиот нео-експресионистички сликар Жан-Мишел Баскија, чија вредност е 600.000 долари, како и неколку автомобили Ролс Ројс.

Се вчитува...