Неверојтната приказна на сензационалната победничка на УС Опен, Бјакна Андреску почнува кога нејзините родители од Романија во деведесетите се преселиле во Канада. Таму таа добила шанса за тениски развој.
Нејзиниот успех предизвика еуфорија во Канада. Торнто го обои во златни бои градски симбол во нејзина чест. НБА шампионот Торнто и сите големи спорски колективи го поздравија триумфот.
Пред само три години, на 16 години тинјеџерка си се замислувала како победничка на УС Опен. Дури и сама си напишала лажен победнички чек. 36 месеци подоцна, го освои вистинскиот чек и со не го добива четири милиони евра.
„Сонував за ова многу долго време. Тоа што ми се оствари е сосема лудо. Не ме прашувајте што ќе правам со парите од наградата. Ниту некогаш дум имала ниту пак некогаш сум видела толку пари“ – вели малдата тенисерка.
Минатата година ова време, Андреску не го мина ниту првото квалфикациско коло на УС Опен. Беше под бројот 200 на ВТА листата. Оваа годнина освои два многу значајни турнири, Индијан Велс и Торонто, се проби до 15. место на ранкингот, а по успехот во Њујорк ќе додје до петтата позиција на светската листа.
Заклучно со победата во финалето, Андреску врза серија од 14 последовни победи, годинава има неверојани 45 триумфи на 49 меча. Таа е првата тинејџерка по Марија Шарапова во 2006 година што триумфирала на Флеинг Медоуз. Бјанка е првата канаѓанка која освоила грен-слем титула во сингл конкуренција.
SHE THE CHAMP!
Congrats, @Bandreescu_ ??#WeTheNorth x #SheTheNorth pic.twitter.com/QEugBwH24W
— Toronto Raptors (@Raptors) September 7, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА