Динамо би можел да му врачи отказ на тренерот Ненад Бјелица по само три месеци, а за тоа, како и неговите претходници Анте Чачиќ , Игор Бишчан и Сергеј Јакировиќ , би требало да му исплатат отпремнина.
Бјелица месечно заработува околу 100.000 евра бруто во Динамо, додека неговиот персонал го чини клубот двојно повеќе. Нивните договори траат до 2026 година, но наводно има клаузула во која во случај на раскинување би имале право на отпремнина во висина од 12 месечни плати.
Така, Бјелица за 90 дена работа би заработил околу 1,5 милиони евра.
Познатиот инсајдер за трансфери Фабрицио Романо тврди дека легендарниот Фабио Канаваро би можел да седне на клупата на Динамо. Со тоа би имале италијански дуел за титулата во Хрватска, со оглед дека на клупата на Хајдук седи неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата Џенаро Гатузо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА