Бјелица добива отказ во Унион Берлин поради испадот со Сане

Унион Берлин се наоѓа под жесток притисок од германските медиуми да му врачи отказ на шефот на стручниот штаб Ненад Бјелица, по неговиот синоќешен испад на мечот со Баерн Минхен.

Бјелица непотребно предизвика инцидент на натпреварот против Баерн кога го удри во лице противничкиот фудбалер Лерој Сане, при обид за добивање една топка. Бјелица доби црвен картон, а сега се соочува со неизвесна ситуација во клубот по која би можел да си замине.

„Бјелица не е дораснат на функцијата во еден клуб како Унион Берлин, и со такво глупаво однесување го нарушува угледот на клубот. Унион треба да го отпушти и затоа што некои играчи не се согласуваат ни со неговите методи на работа“ – пишуваaт „Билд“ и „Кикер“ кои се нажестоки во критиките кон Бјелица.

Хрватскиот стратег на клупата на Унион Берлин дојде од Трабзонспор каде исто така не се задржа долго.

Бјелица, пак, во меѓувреме изјави дека не планира да му се извини на Сане без разлика што ќе се случи со него во клубот, затоа што Сане е тој кој го испровоцирал инцидентот.

Се вчитува...