Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е силна желба на Трабзонспор, пред се на тренерот на тимот Ненад Бјелица, пренесуваат турските медиуми.
Бјелица, кој имаше извонредна соработка со Адеми од времето на предводење на Динамо Загреб, сега сака да го види Адеми во својот клуб на позајмица во следната сезона. Адеми во моментов е член на кинескиот клуб Пекинг Гуан и има договор до јуни 2025 година.
Јасно е дека Кинезите кои го имаат Адеми само два месеци, тешко ќе се одлучат на така брзо ослободување, но турските медиуми пренесуваат дека Бјелица е решен да го види во своите редови.
За Трабзонспор настапува и Енис Барди но тој нема баш најдобра соработка со Бјелица, па можно е негово заминување од клубот ова лето.
🔴🔵 Trabzonspor aradığı ön liberoyu Çin’de buldu.
Nenad Bjelica’nın Dinamo Zagreb’ten tanıdığı 32 yaşındaki Arijan Ademi’nin, Beijing Guoan ile 2025’e kadar sözleşmesi var. pic.twitter.com/qlb2c3yYed
— Sabah Spor (@sabahspor) June 16, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА