Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Пелистер, е тотална непознаница за Лех Познањ и неговиот тренер Ненад Бјелица. Барем така изјави хрватскиот стратег, кој е на кормилото на полскиот клуб, на денешната прес – конференција во пресрет на утрешниот прв дуел против Пелистер на домашен терен, во рамките на првото коло од квалификациите во Лигата на Европа.
„Пелистер е тотално непознат за нас, немаме некои важни информации за нивниот ростер, или пак за играта што ја практикуваат. Сепак, се потрудивме да дознаеме нешто, иако многу повеќе сме фокусирани на нашата игра. Се уште не сме во најдобра форма, ниту сме ја достигнале идеалната физичка подготвеност, но знаеме колку можеме и сигурно дека фудбалерите ќе го дадат својот максимум за да оствариме позитивен резултат. Посакуваме победа, тоа не го криеме“, изјави Ненад Бјелица, тренерот на Лех Познањ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА